Меган Фокс не е само актерка и мајка, туку и поетеса. Нејзината збирка поезија „Убавите момчиња се отровни“ беше објавена на 7 ноември, а во неа Меган си ја разголува душата.

Иако многумина мислат дека е само уште една актерка со убаво лице, таа докажува дека е способна за многу повеќе од тоа. Не само поради фактот што може да пишува поезија, туку и поради темата што се провлекува низ страниците, а која покажува дека поминала низ многу премрежиња.

– Овие песни се напишани во обид да се отстрани болката што се вкорени во мене поради моето молчење. Цел живот го поминав чувајќи ги тајните, телото ме боли од носење на тежината на нивните гревови – вели таа.

– Мојата слобода живее на овие страници и се надевам дека моите зборови ќе ги инспирираат другите да ја вратат среќата и својот идентитет користејќи го нивниот глас за да го осветлат она што е закопано, но не и заборавено – додава таа.

На овие страници Фокс преку стихови опишува трагични моменти од нејзиниот живот, вклучувајќи теми како злоупотреба, зависност од љубов и нејзиниот спонтан абортус што го имала кога била 10 недели бремена.

Во стиховите таа пишува: „Ќе ја платам секоја цена/Кажи ми те молам кој е откупот за нејзината душа?“

Фокс вели дека некои делови од книгата се буквални, додека други алегорични. Некои песни содржат елементи од типот на бајките на Грим, а други служат за истата цел како мемињата во онлајн културата. Сето тоа е нешто со кое жените можат да се поврзат.

Извор



912

X