Медицинската сестра Мики Раи тврди дека акушерките се обучени да кажуваат вообичаена фраза кога ќе видат бебе кое не е толку убаво, за да избегнат да им кажат на родителите што навистина мислат.

„Мојот професор по акушерство на медицинскиот факултет ме научи на тоа“, вели Мики во видеото што го објавила на „Тик-ток“.

„Ако бебето е слатко, едноставно ќе кажете дека е слатко. Но, ако не е убаво, тогаш само кажете им на родителите дека личи на нив“, додала таа. Во своите коментари појаснила дека тоа не е нешто што таа лично го прави, туку дека на тоа се учат идните медицински сестри.

Краткото видео е прегледано повеќе од 600.000 пати, а многумина го споделиле она што самите им го кажуваат на родителите.

„Ако бебето не е убаво, нашето семејство само вели: Ау, погледни го бебето“, напишало едно лице.

„Јас велам дека е драгоцено. Затоа што не се сите бебиња слатки, но се драгоцени”, истакнува друг корисник во коментарите.

„Како што растат новороденчињата, нивниот изглед се менува, па затоа не треба да судите премногу брзо“, вели трет.

@mikiraiofficial #stitch with @aimeelco personally I think the baby is real cute ? #nurse #baby #babies ♬ original sound – Miki Rai

Извор



912

X