Здравје

Медицинска сестра на пациенти со коронавирус ја гушка ќерка си од далечина. Мама се бори со чудовишта!

Кинеска медицинска сестра во болница каде што се третира коронавирусот ја прегрнува од далечина својата ќерка.

– Мамо – вели девојчето плачејќи.

– Биди добра – ѝ вели нејзината мајка.

– Мамо, ми недостигаш.

– Мама се бори со чудовишта. Ќе се вратам дома откако вирусот ќе биде победен – ја теши нејзината мајка.

Лиу Хајан може да ја прегрне ќерка си само оддалеку за да ја охрабри. Ним не им е дозволен директен контакт, така што девојчето го остава на земја јадењето за мајка си.

– Ќе се вратам кога ќе победиме во битката – ѝ вели мајката на својата ќерка.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top