Сепсата или труењето на крвта е состојба опасна за живот која, за жал, често се препознава предоцна. Сепак, постојат симптоми кои јасно може да укажат дека детето има сепса, според медицинската сестра Сара, која го води профилот на Инстаграм „CPR Kids“ со нејзината колешка Кејси.

Во најновото видео таа споделила неколку можни предупредувачки знаци дека детето има сепса, за што е потребна итна медицинска интервенција. Како што наведува таа, кај децата често се јавуваат следниве симптоми кои може да укажуваат на сепса:

-болки во мускулите и чувство на немир
-проблеми со дишењето (забрзано дишење, отежнато дишење)
-сина или бледа кожа
-проблеми со спиењето, замор, несоница
-летаргија
-ладна кожа
-конвулзии
-исип кој не поминува со притисок врз кожата.

Извор



912

X