Воспитување

Мажите се понежни откако ќе станат татковци

По доаѓањето на бебето на свет, кај мажите значително паѓа нивото на тестостерон, што им овозможува да бидат понежни и повнимателни татковци. Татковците во некоја мера стануваат и различни личности.

Иако мајката го поднесува поголемиот „хормонски“ товар во текот на бременоста и по породувањето, ни татковците не се исклучок! Имено, едно истражување покажало дека по породувањето на жените, кај мажите значително паѓа нивото на тестостерон, што им овозможува да бидат понежни, но и повнимателни татковци.

Стануваат „помеки“ кон своите наследници

Тестостеронот е хормон кој ја поттикнува машката сексуалност, агресивност и физичка сила, а неговото ниво е највисоко кај младите неженети мажи, без деца, истакнуваат научниците. Меѓутоа, кога ќе им се роди дете, сето тоа се менува, па татковците во некоја мера стануваат различни и како личност, односно стануваат „помеки“ кон своите наследници.

Мајките, од друга страна, се грижливи бидејќи во нивното тело се зголемува нивото на хормонот окситоцин, кој е „одговорен“ за заштитничко однесување кон децата. Во истражувањето на експертите од Универзитетот „Лусан“ се наведува дека доилките имаат зголемено ниво на хормонот окстиоцин поради лактацијата и дека тоа трае додека дојат. Овој хормон се испушта во мозокот и кога некој ќе почувствува страв и помага личноста да биде во состојба на зголемено внимание.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top