На сите ни е потребно време за себе, нели? И додека жените се одлучуваат за релаксирачка бања со миризливи свеќи, мажите се среќни само седејќи во тоалетот.

Според истражување спроведено во 2018 година, третина од мажите признаваат дека се кријат во бањата за мир и тишина од нивното семејство.

Истражувањето спроведено од „Пебл Греј“ анкетирало 1.000 мажи и открило дека мажите поминуваат во просек по седум часа годишно во тоалетот, обидувајќи се да најдат мир и тишина.

Главната причина за „бегство“ во тоалетот е избегнување на домашните обврски, бегање од партнерките кои постојано бараат нешто, бегање од децата, но и можност да го користат мобилниот телефон на мир.

– На сите ни е потребно време за себе – да се исклучиме целосно – изјави директорката на „Пебл Греј“, Хелена Лински.

– А бањата се чини дека е место за таквите моменти – се чини дека е засолниште и место каде што можеме да избегаме од надворешниот свет, иако тоа е само привремено – вели таа.

– Како што покажуваат резултатите, мирот и тишината се сметаат за свети и јасно е дека мажите ја искористуваат можноста да ги добијат онаму каде што можат – честопати во бањата – додава таа.

Истражувањето открило и дека 14 отсто од мажите признале дека криеле работи во бањата, како магазини, книги, па и храна за кога ќе се вратат во нивното „место за бегство“.

23 отсто од мажите ја опишале бањата како нивниот „безбеден простор“, додека четвртина од анкетираните изјавиле дека не би знаеле како би се справиле ако немаат можност да избегаат во бањата.

Не е изненадување да се види тоа што значителен дел од мажите се обидуваат да се скријат. 45 отсто од нив признаваат дека се борат да најдат време за себе, а бањата е едно од ретките места во домот каде што тоа е речиси загарантирано.

85 отсто од мажите изјавиле дека се вознемирувани додека се во бањата.

– Очигледно некои работи повеќе не се свети – вклучувајќи и тоа да бидете сами кога треба да го користите тоалетот. Затоа не е чудно што повеќето домаќинства воведоа правило за да нема вознемирување кога родителите се во бањата – вели Лински.

И покрај фактот што мажите се оние што ја користат бањата како „светилиште“, истражувањето покажа дека 72 отсто од жените ја чистат бањата повеќе од нивните машки партнери.



912

X