Една жена ги прашала машките корисници на платформата „Редит“ за децата: „Моето прашање е кратко и едноставно: мажи, зошто не сакате деца? Гледам луѓе кои постојано зборуваат зошто жените не сакаат деца, бидејќи имаат свои причини, но ме интересираат мажите бидејќи тие статистички гледано се во „малцинство“.
Многумина коментираат дека имаат лоша генетика:
-Не сум способен да бидам татко, би бил лош родител и не сакам да пренесам лоша генетика. Историја на ментална болест во семејството, аутизам, шизофренија, деменција, убиства меѓу браќа.
-Затоа што сметам дека мојата генетика е некомпатибилна со светот во кој живеам – додал друг.
Друг коментирал за својата генетика:
-Можеби би сакал да имам деца. Имам добра плата и средена станбена ситуација, но не би можел дополнително да ги ширам моите гени поради физичките карактеристики, кои за жал се доминантни. Не би сакал сопствениот син (не се грижам за полот на детето, иако би сакал девојче, но затоа што сум машко, полесно ми е да се идентификувам), да го погледнам в очи и да ја видам тагата и несигурноста на моите гени.
-Би бил лош татко. Имам свои трауми и не сакам да им ги пренесам на моите деца. Тоа се вика меѓугенерациска траума и потребни се три генерации за да се спречи тоа. Јас сум аутист и не знам дали би можел да ја дадам потребната емоционална поддршка, бидејќи не знам како. Скапо е, тешко и сам преживувам и не сум љубител на барањата. Тоа бара време, а јас сум и интровертен и не сакам да поминувам многу време со други лица – објаснил еден човек.
Тие сѐ уште се деца
Останатите искрено признале:
-Затоа што уште сум дете.
Друг додал:
-Ние мажите имаме две фази: детство и смрт.
-Јас сум потстанар, живеам во странство, не сакам баш деца, а и самиот се однесувам како дете. Преферирам слобода за да можам да одам каде сакам со тоа малку слобода што ја имам – напишал друг.
„Не сум способен да се грижам за себе, а камоли да бидам одговорен за дете“, „Иднината не изгледа добро и не верувам дека би бил многу добар родител. Тоа е деликатна работа за мене“, „Почнувам да се нервирам ако сум во присуство гласни деца“, се вели во некои коментари.
Не можам ни да се прехранам
Некои за нивната финансиска состојба рекле:
-Не можам ни да се прехранам.
-Имам 20 години и јадам во менза – додал друг.
Поважна им е слободата
Имало и такви што зборувале за тоа колку им е важна слободата:
-Осум години штедев пари за да им купам куќа на моите родители и брат и да се грижам за нив, порано спиев по пет часа на ден. Сега кога завршив со тоа, решив парите да ги потрошам на себе, на мотор, на пат, на технологија, сѐ што сакам, па моите ми рекоа: „Ех, сега треба да се ожениш“. Да, па пак да работам за мојата сопруга, децата, за уште еден имот и да стигнам до педесеттите години (сега имам 36 години) и тогаш можеби ќе можам да постигнам некои работи што ги сакам, но не, благодарам, сега патувам низ Европа со мотор, никогаш не сум бил посреќен.

На многу мажи им е важна слободата:
-Затоа што ако имав деца, ќе требаше да се откажам од боемскиот живот и да се посветам на нивното воспитување, а тоа не го сакам бидејќи кафето, алкохолот и другите пороци (а ги имам речиси сите) искрено и целосно ме исполнуваат. Со други зборови – јас сум себичен и нема да ја дадам својата слобода никому.
-Сакам мир и тишина, така што мојот стан останува чист и уреден по чистењето. Сакам да го поминувам слободното време како што сакам. Сакам да спијам колку сакам и кога сакам. Сакам да ја користам втората спална соба во станот како моја канцеларија и фитнес-сала и сакам да ги трошам парите на себе и на своето хоби – гласи еден коментар.
„Затоа што не сакам да се жртвувам“, „Не сакам да ја прифатам таа одговорност“, „Затоа што ништо во врска со децата не ме привлекува. Идејата да жртвувам толку многу од моето време и енергија за да подигнам друг живот не ми е привлечна“, се вели во другите коментари.