Првото бебе родено на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје годинава е машко. Родено е една минута по полноќ. 25-годишната мајката на бебето е од скопската населба Хиподром, а ова нејзино прво дете.
На клиниката изминатата ноќ се родиле седум бебиња.

Министерот за здравство Венко Филипче, министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и градоначалникот на Скопје Петре Шилегов на мајката Ангела Алексовска и на бебето им посакаа добро здравје.

Фото: Министерство за здравство

Царовска на мајката и подари златкик, а Град Скопје штедна книшка со 20.000 денари.



912

X