Здравје

Машко бебе тешко 5.700 грама – најголемо новороденче во земјава

Минатиот месец на Клиниката за гинекологија и акушерство со спонтано породување е родено најголемото бебе во државава – машко бебе тешко 5.700 грама и 55 сантиметри долго, објави на „Фејсбук“ оваа здравствена установа.
Породувањето го водел лекарски тим, велат од Гинекологија.
-При приемот на пациентката направена е комплетна евалуација и проценка од докторите за големината на плодот како и карличните мерки на пациентката. Покрај овој битен податок за раѓањето, мајката целосно беше информирана при што таа само ја потврди нејзината желба породувањето да заврши по природен пат. Доколку би постоело одредена акушерска индикација породувањето ќе се завршело со царски рез. Станува збор за второртка со уредна и редовно контролирана бременост, породена во термин – велат од клиниката.
И првиот плод на мајката бил роден со голема телесна тежина.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top