Здравје

Машки стерилитет – кои се најчестите причини?

Како и кај жените, постојат повеќе причини за машкиот стерилитет – од хормонска нерамнотежа до физички и психолошки проблеми и/или проблеми во однесувањето. Иако жената раѓа деца, поради што на женскиот стерилитет се обрнува повеќе внимание, сепак е важно причините за машкиот стерилитет да се согледаат од сериозен агол. Бидејќи мажот е другата страна и без него целиот процес на репродукција не би можел да функционира. Д-р Ивана Ѓурѓевиќ-Старовиќ од Србија наведува некои од животните избори што негативно влијаат врз плодноста на мажите, иако во листата не се вклучени сите потенцијални причинители.

Цигари, алкохол, стероиди

Меѓу една од причините за машкиот стерилитет е пушењето цигари, бидејќи значително го намалува бројот и движењето на сперматозоидите. Потоа, подолго користење на дроги, како и хроничен алкохолизам. Покрај зависностите, тука е и неконтролираното земање стероиди, што предизвикува собирање на тестисите и неплодност. Исто така, премногу интензивни вежби доведуваат до производство на високо ниво на стероидни хормони на надбубрежната жлезда, што предизвикува недостиг на тестостерон и доведува до неплодност. Понекогаш и тесната долна облека може да биде причина за машки стерилитет – бидејќи ја зголемува температурата на телото, а тоа резултира со намалување на продукцијата на сперматозоиди.

Неухранетоста и анемијата, како и прекумерниот стрес, често се причинители за неплодноста кај мажите.

Хормони

– Мал процент од машкиот стерилитет е предизвикан од хормонски проблеми. Неколку работи може да тргнат наопаку со хипоталамусот-хипофизата на ендокринолошкиот систем. На пример, мозокот можеби не успева правилно да го ослободи гонадотропинот – ослободувајќи хормон (GnRH). Тој стимулира хормонски пат кој предизвикува синтеза на тестостерон и производство на сперма. Нарушувањето во отпуштање на GnRH доведува до недостиг на тестостерон и сперма, односно до престанок до производство на спермата – објаснува д-р Ѓурѓевиќ-Старовиќ.

Физички пречки

Низа физички проблеми може да доведат до машки стерилитет. Тие или го попречуваат процесот на производство на спермата или патот по кој сперматозоидите патуваат од тестисите до врвот на пенисот. Тие проблеми обично ги карактеризира мал број на сперматозоиди и/или абнормална морфологија на спермата. Освен физичките, постојат и психолошки проблеми кои можат да придонесат за неплодност кај мажите. Меѓутоа, понекогаш е тешко да се разделат физичките и психолошките компоненти на проблемите бидејќи заедно дејствуваат. Некои од проблемите се еректилна дисфункција, прерана ејакулација…

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top