Мариса Пир е меѓународно признат британски терапевт, автор на неколку бестселери и создавач на светски познатата метода на брза трансформативна терапија. Со повеќе од три децении работно искуство со светски познати личности, спортисти и семејства, таа важи за еден од водечките експерти во областа на детската и применетата психологија.
Во овој поткаст Мариса Пир издвојува три основни, но клучни работи што секое дете несвесно ги бара од своите родители:
- Бидете присутни во нивниот свет. Кога децата се враќаат од училиште, оставете ги телефоните и дигиталните уреди настрана. Посветете им ги следните два часа. Разговарајте, гответе заедно или гледајте некоја омилена емисија. За детето, вашето внимание е најдиректен доказ за љубов.
- Кажете „извини“. Извинувањето пред сопственото дете не е знак на слабост, туку показател за емоционална зрелост. Доколку сте биле нервозни или ненамерно сте постапиле погрешно, доволно е едноставно да кажете: „Извини, минатата недела не бев доволно присутен бидејќи имав силна главоболка“. Со ова го учите детето на одговорност, емпатија и меѓусебно почитување.
- Искрено и често фалете ги. Пофалбата го гради карактерот на детето, но важно е таа да биде конкретна и насочена кон неговите постапки. Истакнете ги неговите добри дела: „Многу беше грижлив со баба ти“, „Прекрасно постапи со миленичето“, „Многу си добар со сестра ти“ или оддајте му признание за неговиот труд во цртањето или спортот.
Погледнете го видеото во продолжение: