Многу родители се запрашале дали Мари Кондо ќе ја изгуби својата смиреност кога ќе влезе во нивните домови. За среќа, познатиот експерт за чистење и организирање на домот, која се прослави со методот „КонМари“, случајно признала дека нејзината магија не успева кај родителите на мали деца.

Во интервју за списанието „Родители“, зборувајќи за нејзината книга „Магијата на расчистувањето која го менува животот“, Кондо зборувала за нејзината секојдневна рутина. Таа е мајка на три деца и покрај нејзината страст за дом без неред, ниту таа не може да го следи тој стил.

Кондо вели дека се фрустрирала откако станала мајка затоа што не можела да си ја одржува куќата уредна како претходно. А кога го родила своето второ дете, немала енергија ниту за примена на нејзините омилени совети за чистење. На многу луѓе им е утешно да слушнат дека нередот е вообичаен во домовите каде што живеат деца, особено мали деца.

„Мајчинството ме научи повеќе да си простувам. Радоста што ја носи родителството го надминува секое задоволство што може да дојде од совршено уреден дом“, напишала Кондо на својот блог.

Методот „КонМари“ во голема мера им го промени животот на многу возрасни кои не знаеја како да се ослободат од непотребните работи и да ги исфрлат од своите домови.

Извор



912

X