Воспитување

Мараја Кери за воспитувањето на своите деца: „Не сакам да бидам лошата“

Мараја Кери можеби е во божиќно расположение, но пред сè е мајка и во новото интервју, таа отворено зборува за тоа како успева да ги задржи своите 10-годишни близнаци приземјени.

Зборувајќи за „Ју-ес магазин“, пејачката споделила каков родител е на Марокан и Монро, кои ги има заедно со нејзиниот поранешен сопруг Ник Кенон. „Ќе морам да цитирам реченици од филмот Злобни девојки: Не сум обична мајка. Јас сум кул мајка. Нема правила во оваа куќа… Не, има правила во оваа куќа, тоа е разликата“, рекла таа.

Мараја вели дека не може да биде кул мајка затоа што понекогаш мора да го утврди својот авторитет над своите малечки. „Не ми се допаѓа да бидам лошата, морам да кажам. Навистина го мразам тоа повеќе од што било друго. Значи, јас сакам да бидам нешто како: „Јас не сум само мајка, јас сум кул мајка“. Но, никогаш не си кул мајка, едноставно никогаш не си“, изјавила таа.

фото извор: Инстаграм/ Мараја Кери

Таа, исто така, рекла дека дел од родителството значи и да им помогне на нејзините деца да го ценат својот живот и да не го земаат здраво за готово – особено за време на празниците.

– Потребно е тие да знаат дека тоа е голема работа, дека не го имаат сите она што го имаат тие – рекла Мараја, додавајќи дека не можела да ужива во празниците што сега ги приредува за своите близнаци: „Не пораснав со сите тие подароци. Но, некако сакам да им ги правам празниците прекрасни на моите деца.“

Сепак, тоа не значи дека нејзините деца имаат пониски стандарди кога станува збор за Божиќ. „Божиќниот список на ќерка ми содржи речиси 66 предмети – не лажам“, рекла Мараја. „Таа ми ја испрати листата по порака. Си реков – Дали ме шегуваш?“

Автор: Меган Стоун

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top