Воспитување

Манири на кои родителите повеќе не ги учат децата, а треба

Бонтонот и манирите се чини дека се менуваат низ годините. Многу деца не ги знаат старомодните манири. Сепак, некои експерти сметаат дека родителите треба да ги научат своите деца на овие старомодните манири.

1. Зборување лично наместо зборување со помош на технологијата

Кога станува збор за децата и манирите, телефоните често ги заменуваат личните разговори. Се чини дека разговорите лице в лице се сè поретки, а децата повеќе сакаат да комуницираат со пишување на нивните телефони.

2. Седење за време на семеен ручек или вечера без телефони во рака

Седењето и ручањето или вечерањето со семејството е изгубена уметност. Семејствата денес често се зафатени и не седат заедно за време на оброците, па така голем дел од децата не знаат како да се однесуваат кога се на маса.

3. Барање дозвола

Порано децата бараа дозвола од своите родители пред да земат или да направат нешто, но ова правило денес повеќе не се следи.
Денес, нашет општество ги охрабрува да бидат слободни и да прават што сакаат.

4. Да не зборуваат ако некој не им се обрати

Децата порано се учеа да не зборуваат ако не им се обрати некој. Но денес, децата се охрабрени да зборуваат и да се земаат во предвид нивните мислења.
Децата треба да знаат дека е некултурно да ги прекинуваат возрасните додека разговараат, меѓутоа важно е и да го искажат нивното мислење, велат експертите.

5. Соодветно облекување

Денешното мото на децата е удобност по секоја цена. Во денешното општество, идејата детето да носи нешто неудобно може да го налути и да направи сцена. Од друга страна е и несоодветното облекување за на училиште. Голем дел од децата носат несоодветна облека.

 

Поврзани написи

To top