Ешли Греам трпеливо го чека доаѓањето на свет на своите близнаци. Трудната манекенка – која со сопругот Џастин Ервин чека момчиња, објавила нови фотографии од својот сè поголем стомак на „Инстаграм“ за да го прослави влегувањето во 40. недела од бременоста.

„Денес дотуркав до целосниот термин (40 недели). Датумите за породување се само претпоставка, бебињата секогаш доаѓаат на својот роденден“, напишала таа во описот под фотографиите.

„Ова мора буквално да е рекорд за близнаци!“, напишала во коментар нејзината колешка Рејчел Зеилиќ, а манекенката Наоми Кемпбел додала: „Едноставно чудесно! Ти посакувам убаво и безбедно породување.“

Повеќето бремености со близнаци траат помеѓу 35-37 недели, што е нешто пократко во однос на вообичаените 40 недели. Неколку недели порано, манекенката на „Инстаграм“ напишала и колкава е очекуваната тежина на нејзините синови.

„Моите момчиња сега имаат по 2.700 грама“, гордо и радосно ги информирала 15,2 милионите следбеници. Ешли во текот на целата бременост објавува фотографии на социјалните мрежи, на кои покажува на кој начин женското тело се менува во текот на бременоста. Најмногу коментари привлекла нејзината фотографија од стомакот на кој се видливи стриите, а многу жени ѝ дале поддршка и ѝ се заблагодариле за охрабрувањето.

Автор: Ана Хлаќа

Извор



912

X