Се плашиш дека твоето дете е „мамин син“? Експертите откриле интересна предност на таквото воспитување.

Универзитетот „Харвард“ објавил голема студија за тоа што ги прави мажите среќни. Заклучокот е дека „мамините синови“ се многу поуспешни во работата и заработуваат повеќе од мажите што немале толку близок однос со мајките во своето детство. Студијата почнала во 1938 година, а следела 268 студенти во период од детството до возрасна доба. Тестирањата се вршеле на секои две години. Оваа студија несомнено е една од најдолгите и најдеталните на тема човечкиот развој.

Разликата во платата на мамините синови и нормалните студенти е околу 87 илјади долари годишно. Исто така, студијата докажала дека мажите што имале близок однос со својата мајка биле многу поуспешни во кариерата како што поминувале годините. Ако имале лош однос со мајката, тогаш се открило дека им е зголемен ризикот од деменција во подоцнежните години. Стилот на врзување со родителите во раното детство ги одредува односите во животот.

Во меѓувреме, поврзаноста на младиот маж со својот татко не во корелација со успехот во неговиот живот. Добриот однос меѓу синот и таткото подоцна во животот се манифестира со поголем степен на задоволство од животот и намалено ниво на тегоби. Во книгата „Триумф на искуството, мажите од големата студија на Харвард“, која ја напишал Џорџ Ваилант, долгогодишен директор на студијата, се објаснети заклучоците и односите кои ги докажале научниците.

Интересен заклучок од еден од деловите на студијата се однесува на претераното консумирање алкохол. Мажите што внесуваат поголема количина алкохол се најнесреќни – кај нив е повисока стапката на смртност, бројот на разводи, депресија и невроза. Либералните мажи имаат повеќе сексуални односи и висок коефициент на интелигенција, кој не е врзан за високата плата.

Д-р Ваилант, кој ја предводел студијата 42 години, смета дека клучот до успехот е љубовта. „75 години и дваесет милиони долари потрошени на студија донесоа еден заклучок. Среќата е љубов. Точка.“ – рекол Ваилант.



912

X