Двегодишните момчиња често покажуваат претерано посесивна љубов кон своите мајки, велат авторите на водичот за родители „Што да очекуваме во втората и третата година“. Тоа се нормални чувства кои ќе поминат со текот на времето, ако правилно се поставиме. Веќе во четвртата година момчињата ќе почнат да се оддалечуваат и веројатно малку ќе ги нервираат бакнежите и прегратките од мајката, што е исто така сосема нормален дел од развојот.

Реагирајте смирено, но поставете граници

Ако вашиот син бурно реагира секојпат кога вашиот партнер ќе реши да ви покаже нежност, обидете се да реагирате смирено и шеговито за да не ја подгреете дополнително љубомората кај детето со вашето одбивање. Исто така, немојте да го отфрлате таткото и целосно да му се посветите на детето во тој момент бидејќи ќе му дадете погрешна слика за семејната динамика.

Наместо тоа, вклучете го во прегратката и потоа нежно посетете го дека ги сакате двајцата. Често момчињата знаат да кажат дека ќе се оженат со својата мајка кога ќе пораснат. Не поттикнувајте ја неговата имагинација кога ќе го каже тоа, туку објаснете му дека не може да се ожени за вас затоа што сте му мајка.

На детето му треба време со двајцата родители

Погрижете се детето да поминува доволно време со двајцата родители и да добие доволно нежност и љубов од двајцата. Ако му покажува многу отпор на таткото, можеби им треба повеќе време. Со текот на времето вашето момче ќе разбере дека вашите улоги се различни и дека го сакате на поинаков начин.

Она што треба да го имате на ум е дека давањето приоритет на едниот родител во одредена фаза од животот не е невообичаено и не треба да го сфаќате како навреда. Децата ги менуваат своите преференции во различни фази од животот, па градат поинаков однос со родителите додека растат.

Автор: Сунчица Гот

Извор



912

X