Игротека

Мама е под стрес и е збунета! 8-годишно момче ја критикува мајка си откако учеле заедно

Со оглед на пандемијата насекаде низ светот, голем број родители се соочуваат со школување на децата од дома, но тоа не им успева на многумина. Така, една мајка од САД се соочила со остри критики од нејзиниот син за нејзините учителски способности.

Кендис Хантер Кенеди се обидела да го подучува својот осумгодишен син Бен. Но, откако го пронашла неговиот дневник, толку ја насмеал што морала да го објави на својот фејсбук-профил.

– Ова не оди добро. Мама е под стрес. Мама станува сè позбунета. Сега направивме кратка пауза за да се собере и да се обиде да сфати. Но ви кажувам, ова не оди добро – напишал Бен.

Кендис ја објави фотографијата од дневникот на Бен со коментар: – Умирам од смеа. Ова е дневникот на Бен и мислата од понеделникот кога ни беше прв ден учење од дома. Последната реченица е урнебесна.

Многу родители се пронашле во ситуацијата.

– Првиот ден викав поголемиот дел од времето. Потоа наредниот ден ме болеше главата – напиша еден родител.

Извор

Поврзани написи

To top