Мало, тригодишно девојче ги воодушеви своите интернет-следачи со исклучителното знаење за возачите во Формула 1. Имено, нејзината мајка Кери Мејсон објави видео на „Тик-ток“ каде што може да се види како девојчето самоуверено ги наведува сите возачи по име и презиме.

-Импресивно – гласи коментарот до неа од официјалниот „Тик-ток“ профил на Формула 1 , тимот на Мекларен.

Нејзината мајка во коментарите откри дека омилениот возач на новата „Тик-ток“ ѕвезда, е Макс Ферстапен. Видеото брзо собра над 2,7 милиони прегледи.

@kerry92mason 3yrs old and knows her #f1 drivers ?? #f1tiktok #maxverstappen #lewishamilton #f1drivers ♬ original sound – Kerry Mason


912

X