Игротека

Мало девојче му шепнува на Дедо Мраз што сака за Божиќ – неговиот израз на лицето е хит

Секое дете има список со желби што сака да добие од Дедо Мраз, но желбата на малата Аурора навистина го изненадила Дедо Мраз. Имено, девојчето посакало сестра.

-Аурора има една од најнежните души на светот. Секојпат кога ќе види бебе, нејзината сјајна насмевка ме тера да се топам. Нема сомнение дека таа би била прекрасна голема сестра – изјавила мајката на Аурора, Силвија Солорио.

Силвија ја снимила реакцијата на Дедо Мраз. Неговиот израз на лицето кажува сѐ, а видеото подоцна било објавено на „Тик-ток“ каде што собрало повеќе од два милиони прегледи.

Мајката вели дека Аурора имала „долг список со многу играчки“, па претпоставила дека разговорот со Дедо Мраз ќе биде за тоа. Но, додека го снимала нивниот состанок, Дедо Мраз имал изненадувачки поглед, а таа сфатила дека Аурора не ги побарала играчките.

Според Солорио, Дедо Мраз го имал совршениот одговор. Тој ѝ рекол на Аурора дека наскоро ќе дојде нејзината сестра бидејќи е на списокот на добри деца.

@aurora_solorio #fyp #christmas #viraltiktok ♬ Rockin' Around The Christmas Tree – Brenda Lee

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top