Пред две години се роди момчето Џабари Греј со кожно нарушување, односно со поголеми недостатоци на кожа од вратот надолу. Џабари имал нула шанси за преживување. Но, на почетокот од годинава тој наполни две години.

Се роди на 1 јануари 2019 година. Сега е веќе дома со своето семејство во Сан Антонио, САД. Тоа е реалноста што неговата мајка Присила Малдонадо со нетрпение ја чекала.

„Имам неверојатно чувство бидејќи само на 3,5 месеци возраст тој имаше нула шанси за преживување. Секој ден е еден чекор напред. Тој напредува добро. Нема повеќе компликации – истакнала мајката.

Џабари поминал една година во Детската болница во Хјустон, Тексас. „Секој ден што го добиваме со него е уште еден благослов, не знаеме што имаше и што ја предизвика неговата состојба“, додала Малдонадо. Џабари поминал месеци во неонатлната интензивна нега во болницата, прекриен со материјали кои го штителе неговото тело. Закрепнал добро со помош на лабораториски создадени кожни графтови.

Неговата мајка се сеќава на моментот кога можела првпат да го држи в прегратка. „Не знаев колку долго ќе треба да чекам за да дојде тој ден, додека не стана реалност. Тој дишеше самиот. Фактот што го носев 37 недели во мене и што го родив – тоа беше целта за него да биде тука“, рекла таа.

Од килограм и половина на раѓање, тој сега се искачил до 10-ина килограми.
На прашањето – што прво ѝ паѓа на ум кога ќе го чуе зборот „сила“, мајката одговара: „Би рекла само надеж, во поголем дел надеж. Мора да имате надеж и верба. Мора да ги имате, инаку ништо нема да успее. Никогаш не откажувајте се. Господ е единствениот што го има последниот збор“, истакнала Малдонадо.


Напредувањето на Џабари е вистинско чудо. „Чувствувам како Џабари да е столбот на нашето семејство. Без него којзнае какво ќе беше нашето семејство денес“, заклучила мајката.

Семејството се надева дека неговата следна операција за ослободување на неговите раце и прстите на левата страна ќе помине во најдобар ред.

Автор: Камила Рамбалди

Извор



912

X