Игротека

Мали, големи креативци: Украси за градинки, хуманитарни базари, идеи за свеќници во теглички…

Новогодишните празници се голема радост за децата. Китиме, цртаме, правиме креативни изработки… Ова е третата група фотографии што ни ги испратија родители, учители и наставници од креативните изработки што ги работеле со децата. Деца.мк ќе објавува вакви фотографии до крајот на оваа година. За најинтересните следуваат подароци

Од весело накитената градинка „Кокиче“ во Дојран ни стасаа и фотографии од дел од новогодишните рачно изработени честитки и украси.

Украсите ќе бидат изложени на новогодишниот хуманитарен базар.

Катерина Биноска ни прати фотографии од украсената училница во Основното училиште „Кире Гаврилоски-Јане“ во Прилеп.

Ирена Велевска и синчето изработиле свеќници од теглички со слика од Дедо Мраз и нацртан снег.

Педагогот Дивна Тодоровска ни прати фотографии од повеќе креативни изработки.

Оваа честитка е креација на 13-годишната Нина Мурик од Љубин во Скопје.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top