Новогодишните празници се голема радост за децата. Китиме, цртаме, правиме креативни изработки… Ова е нова група фотографии што ни ги испратија родители, учители и наставници од креативните изработки што ги работеле со децата. Деца.мк ќе објавува вакви фотографии до крајот на оваа година. За најинтересните следуваат подароци
Ова се креативните новогодишни изработки на децата и наставниците од одделенска настава од подрачното училиште „Коле Канински“ – Битола, село Буково.
Сања Јаковлеска ни прати фотографии од изработките за новогодишниот базар во градинката на синчето, а и икебана за домот.
Елена ни ја прати честитката на синот Давид.