Игротека

Мали, големи креативци: Новогодишните креации за Катја, на Благица, Данијела, на учениците во „Гоце Делчев“ во Прилеп…

Новогодишните празници се голема радост за децата. Китиме, цртаме, правиме креативни изработки… Еве дел од фотографиите што ни ги испратија родители, учители и наставници од креативните изработки што ги работеле со децата. Деца.мк ќе објавува вакви фотографии до крајот на оваа година. За најинтересните, следуваат подароци

Ирена Наумоска ни испрати фотографии од новогодишно украсување на училницата од паралелката 6 и 7 -б во ООУ „Гоце Делчев“ – Прилеп.

Фотографија од засолниште во форма на куклен театар за драматизација на приказни дома, наменето за двегодишната Катја ни прати Бисера Ристиќ.

Бисера ни прати и фотографии од украси и празнична декорација на храна.

Гордана Јованова ни испрати изработка на Благица Јованова, 4 б одделение, ООУ „Гоце Делчев“ – Неготино.

Даниела Димитријевска од Куманово ни прати фотографии од честитки и украси со Дедо Мраз, елки…

Поврзани написи

To top