Додека овие активности може да им изгледаат тривијални на возрасните, тие многу ќе им значат на вашите деца. Еве неколку лесни трикови за да предизвикате насмевка кај вашето дете.

1. Носете го тој ѓердан од макарони на работа. Или барем додека не излезете од дома.
2. Залепете семејна мантра или слоган (Незапирливи! Можеме и ќе направиме!) на вратата од фрижидерот и кажувајте го тоа секогаш кога вашето дете е обесхрабрено.
3. Одете на прошетка со детето.
4. Ставете му порака (и парче чоколадо) во кутијата за ручек на вашето дете.
5. Изградете свој свет во „Мајнкрафт“ заедно до светот на вашето дете.
6. Кажете „да“ на нешто што обично е забрането, на пример, седење на работната маса од кујната.
7. Покажете ист ентузијазам во забавниот парк како вашите деца.
8. Ако се карате пред вашето дете, тогаш пред него и смирете се.
9. Кога собата на вашето дете изгледа како да ја зафатило цунами, затворете ја вратата и продолжете со денот.
10. Пуштете му „Скајп“ на вашето дете за да се гледа со својата баба.
11. Ако вашето дете се обидело, но и понатаму се чувствува лошо и сака да го напушти тимот, дозволете му.
12. Дозволете му на да скокне во секое вирче по патот. Дури и ако не носи чизми.

13. Земете лепило и светки и направете му роденденска картичка.
14. Посвојте милениче на кое му е потребен дом и детска љубов.
15. Дајте му на вашето дете шанса да се избори во битките во песокот или во паркот пред да интервенирате.
16. Не прашувајте го каков му бил денот ако забележите дека се вратило уморно од училиште.
17. Создајте сопствени ритуали и традиции: јадење пица во вторник, возење велосипед во недела и собирање јаболка секоја есен.
18. За промена, замолете го да ве научи како се прави нешто. Откако ќе научите, кажете му дека е одличен учител.
19. Дозволете му на да носи костим кога одите во продавница. Ако сака, и цел месец.
20. Дозволете му да слушне кога кажувате нешто прекрасно за него.
21. Останете до доцна за да ја гледате полната месечина.
22. Извадете фотографии од периодот кога било мало за да може да ги гледа секој ден.
23. Пригответе палачинки во форма на срце за појадок.
24. Пуштете музика додека пишувате домашно и танцувајте.
25. Смислете тајно семејно ракување.
26. Ставете табла во собата на вашето дете за да си оставате пораки.
27. Започнете борба со перници.
28. Покажете му ги вашите стари дневници, фотографии и писма од периодот кога сте биле на негова возраст.
29. Заблагодарете му се на вашето дете кога ќе исполни некоја домашна обврска.



912

X