Пакистанката Малала Јусуфзаи во 2014 година ја доби Нобеловата награда за мир. Таа стана меѓународен симбол за отпорот против талибанското настојување на жените да им се скрати правото на образование, како и другите права.

Малала Јусуфзаи разговараше виртуелно со принцот Хари и Меган Маркл за важноста на образованието, особено за младите девојчиња.

– Кога младите девојки имаат пристап до образованието, секој победува и успева. Тоа ги отвора вратите за успех во општеството. Да се има привилегија да се оди на училиште е нешто што честопати се зема здраво за готово. Многумина не можат да сфатат дека самото тоа што поседуваат учебник е луксуз за многу други луѓе – изјави Меган Маркл.

На речиси 130 милиони девојчиња им било одбиено образованието пред пандемијата. Експертите стравуваат дека дополнителни 20 милиони девојчиња се изложени на ризик да го напуштат училиштето поради Ковид-19.

– Тие се изложени на ризик поради кој никогаш нема да можат да се вратат во своите училишта затоа што најверојатно ќе бидат принудени на детски брак или може да станат финансиски поддржувачи на нивните семејства. Сега сум позагрижена за тие девојчиња и мислам дека оваа пандемија е криза во образованието. Мора да се фокусираме на инвестиции во образованието токму сега – изјави Малала.

Да се има привилегија да се оди на училиште е нешто што честопати се зема здраво за готово. Многумина не можат да сфатат дека самото тоа што поседуваат учебник е луксуз за многу други луѓе – изјави Меган Маркл

Принцот Хари исто така објасни како образованието на девојчињата е клучно за борбата против климатските промени.

– Со образованието се обезбедуваат пари, приход, што ве прави помалку подложни на катастрофи, помала потрошувачка. Значи, сите овие работи се толку длабоко поврзани едни со други. Образованието на млада возраст отвора многу врати и можности. И дали е тоа во рамките на науката, во рамките на владата, на жените им е потребно повеќе и повеќе. Со пополнувањето на јазот светот ќе има експоненцијална корист – изјави принцот Хари.

Кога Јусуфзаи ја праша Меган што ја инспирирало да стане застапник за образование на девојчињата, војвотката рече:

– Она што многу рано го сфатив беше дека жените имаат место на масата. Разговорите во однос на политичките промени, во однос на законодавството и, секако, во однос на динамиката на заедницата, се променети. И обично кога жената е присутна на маса, таа ќе се залага за целото семејство.

На тоа војвотката се надоврза со моќна изјава: – Кога треба да ја натераш жената да го прифати својот глас? Треба да почнеш кога таа е млада девојка.

Меган ја праша Малала за нејзиното искуство на Универзитетот „Оксфорд“, како и за нејзиното дипломирање за време на пандемија.

– Беше многу тешко време. Дипломирав од дома, полагав испити од дома. Беше тешко да не си присутен на факултет и да не си со пријателите, како и тоа што ја немавме традиционалната церемонија. Сепак, благодарна сум што имав можност да учам од дома – рече Малала.

И Меган и Хари споделија дека иако пандемијата предизвикува соочување со голем број предизвици, овој период им овозможил да поминат повеќе време со нивниот 18-месечен син.

– И двајцата бевме присутни кога Арчи ги направи првите чекори, кога првпат почна да трча и кога првпат падна – рече Хари.

– Едноставно, фантастично е на многу начини, среќни сме што го гледаме како расте. Во отсуство на Ковид-19 ние би патувале и би работеле, па би пропуштиле многу од тие моменти – додаде Меган.

За да се осигуриме дека нашите девојчиња ќе го достигнат својот максимален потенцијал, треба да ги охрабриме.

Извор



912

X