Во најтешките моменти детските срца покажуваат најголема хуманост и најискрена љубов.

Цела Хрватска се крена на нозе во последните 6 дена барајќи начин да им помогне на погодените од земјотресот. Сите се активираа – од најмали до најголеми. Децата од срце го подаруваат тоа што им е најдраго – своите играчки. На подрачјето погодено од потресот пристигнуваат нивните пакети со пораки за поддршка.

Едно момче од Сплит решило да помогне на малку поинаков начин. И тоа ги искористи своите играчки – но за продажба. Поставило тезга за да ги продаде своите играчки, а заработката да им ја даде на оние на кои им е најпотребна.

– Приходот ќе го зголемиме за три пати и ќе го донираме во Црвениот крст. Благодарам – пишува во натписот на тезгата на момчето.



912

X