Со љубов кон видеоигрите и ситни расправии со сестрата, Џек Рико изгледа како и секој друг 13-годишник.

Но, Рико е сè освен просечен тинејџер бидејќи штотуку дипломира, и тоа во период од две години. Тој дипломира на колеџот „Фулертон“ во Калифорнија, што го прави најмладиот ученик што некогаш го постигнал тоа во 107-годишната историја на училиштето.

Дипломирањето во една област е доволно тешко сама по себе, но за Рико не било проблем за само две години да стекне диплома од четири области, и тоа со многу високи оценки.

– Едноставно сакам да учам нови работи. Сакам да знам повеќе за светот и за различни работи – вели Рико.

Колеџот има околу 21.000 други студенти од различни општествени слоеви, а како што вели претседателот на колеџот, Грег Шулц, Рико и тоа како се издвојува.

Рико вели дека не постои таен рецепт за ваквиот успех – само е добро организиран и ги слуша професорите.

Неговата мајка, Ру Андраде, отсекогаш знаела дека нејзиниот син е посебен. Кога Рико наполнил четири години, таа го прашал што сака за роденден. Додека сите други деца на негови години бараат играчка или патување во „Дизниленд“, Рико рекол дека сака да ја посети Белата куќа.

– Му реков дека тоа е навистина сериозно патување за толку мало дете. На шега му реков дека ако може да се сети на сите претседатели, ќе го однесам – раскажува неговата мајка.

Една недела подоцна Рико ја изненадил со одговорот.

– Ми рече: „Веќе ги знаев сите претседатели, но ги запомнав и сите потпретседатели за да можеме да одиме’. Уште тогаш знаев дека е попаметен од мене – се потсетува неговата мајка.

Следниот чекор на Рико е да продолжи со студиите на Универзитетот во Невада, Лас Вегас и да стекне диплома по историја. Иако е можеби неколку чекори пред неговите врсници, вели дека сè уште се смета за дете и летото ќе го помине играјќи игри.

Извор



912

X