Здравје

„Мајнкрафт“, „Фортнајт“, „Фифа“ – расте зависноста од видеоигри

Британскиот центар за третман на нарушувањата предизвикани од видеоигри минатата година третирал 327 пациенти, што е зголемување во споредба со 2021 година кога биле лекувани 220 лица, – деца и членови на нивните семејства, информираат британските медиуми.

Професорката Хенриета Боуден Џоунс, основач и директор на Центарот за лекување нарушувања предизвикани од зависноста од видеоигри, вели дека родителите обично реагираат така што на децата им одземаат сè – конзола, телефон, лаптоп, што води кон агресија, како кон родителите така и кон браќата и сестрите. Боуден вели дека се пријавени и случаи на самоповредување.

Експертите ги советуваат родителите да не им ги земаат конзолите за играње видеоигри на своите деца бидејќи „тоталната апстиненција“ може да доведе до агресија.

Како што соопштил Центарот, евидентирана е зависност од 68 видеоигри, меѓу кои „Мајнкрафт“, „Фортнајт“, „Фифа“ и „Кол оф дути“.

Проблемот често се појавува кога децата играат видеоигри со повеќе играчи како „дел од тимот“, па остануваат будни до доцна и си играат со непознати луѓе од целиот свет, во различни временски зони.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top