Нека се јави родителот кој никогаш не почувствувал грижа на совест затоа што поминува многу време на работа, па за децата едвај му останува еден час дневно. Или тој што не може да си прости што ја пропуштил завршната приредба во градинка или првиот фудбалски натпревар на детето. Шефот се сетил на нешто многу важно што треба веднаш да се заврши, имало огромен сообраќаен метеж или едноставно не сте успеале да најдете некој да ве замени. И се плашиме дека со нашето отсуство сме оставиле трајни лузни врз децата затоа што не сме биле присутни.

И како точно нашите работни места и професии влијаат врз децата?

Најголем дел од истражувањата на оваа тема се занимаваат со тоа како работата на мајката влијае врз децата (изненадувачки), а најважен фактор е времето што таа го поминува на работното место. Сепак, неодамнешна студија ги зема предвид двајцата родители, како и нивните внатрешни мотиви и ставови кон работата и семејството, колку ја ценат работата во однос на семејството, дали нивните мисли се на работа додека се со децата, и колку емоционално се предадени на работата.

Сите овие аспекти на ставовите на родителите кон работата и кариерата влијаат врз однесувањето што го покажуваат децата.

Истражувањата покажале дека емоционалното здравје на децата е подобро во оние семејства каде што и двајцата родители веруваат дека семејството е на прво место, без оглед на времето поминато на работното место. Откриено е дека децата пораснале во подобри личности со родители кои ја гледаат работата како предизвик, можност да бидат креативни, па дури и пријатни. И логично, резултатите покажале дека децата на родителите кои биле физички подостапни (повеќе работеле од дома) имале подобро емоционално здравје.

Од друга страна, децата чии татковците се премногу ориентирани кон кариерата имале повеќе проблеми во однесувањето. Меѓутоа, ако овие татковци се истовремено задоволни и исполнети од работата, тоа позитивно влијае врз децата и нивното однесување, без разлика на часовите поминати на работното место.

А што се однесува до мајките, има поинтересни резултати. Имено, оние што имаат поголема контрола врз времето и начинот на работа, имаат и емотивно поздрави деца.

Понатаму, и запишете го ова некаде, мајките што си посветувале повеќе време на себе, било да се опуштат или да се грижат за себе, правеле добро за своите деца. Така повторно доаѓаме до точката дека времето не е важно. Мајките што редовно наоѓале задоволство во посветувањето на себеси, дури и ако тоа значело помалку часови поминати со нивните деца, не влијаеле врз развојот на лошото однесување кај децата. Од друга страна, оние мајки што ќе се вратат од работа и веднаш ќе почнат да се занимаваат со домашни работи секој ден, имале поголеми шанси да имаат деца со проблеми во однесувањето.

Значи, истражувањето го покажало она што веќе го знаевме, а тоа е: среќна мајка = среќни деца. Без разлика на часовите потрошени на работа, само ако сте целосно посветени на децата барем половина час, секој ден.

Извор



912

X