Интересот на жените за секс сè повеќе опаѓа поради преголемите барања од страна на партнерот, децата и работата. На секоја десетта жена сексот ѝ е сè помалку привлечен, а секоја четврта има проблем да доживее оргазам, истакнува д-р Кетрин Мерсер од Универзитетот на Лондон, која заедно со колегите спровела опсежно истражување меѓу 11.000 Британки на возраст меѓу 16 и 44 години.
Жените што се во брак имаат многу повеќе сексуални проблеми во споредба со жените и мажите што немаат постојана врска, покажа истражувањето.

Паровите во просек имаат 4 сексуални односи месечно, со тоа што сексуалното однесување на жената во бракот нагло се менува во споредба со првите денови од љубовната врска. Жените најчесто кажуваат дека овие проблеми се уочливи кога имаат дете помало од пет години.
– Тоа е логично со оглед на недостигот на сон. Обврските при растењето деца и грижата за семејството се многу потешки за жените отколку за мажите, кои, покрај тоа, имаат 10 пати повисоко ниво на тестостерон во споредба со женските хормони. Меѓутоа, никој не е спремен отворено да зборува на оваа тема. Дури 44 отсто од жените и 35 отсто од мажите имаат проблеми во сексуалниот живот, а само 11 отсто од мажите и 21 отсто од жените се спремни поради тоа да побараат стручна помош – вели д-р Мерсер.



912

X