Многу мајки не сакаат да признаат дека ги праќаат своите деца рано в кревет не само за да се наспијат децата, туку и за да добијат неколку минути за себе. Но, најновото истражување сега покажа дека пораното легнување на детето буквално влијае врз расположението и нивото на среќа на мајката.

Студијата „Гроуинг ап Аустралија“, која следела илјадници деца и нивните навики за спиење повеќе од десет години, ја потврди токму оваа теза. На секои две години научниците разговарале со децата и нивните родители додека внимателно го следеле нивното ментално и физичко здравје. Истражувачите откриле дека децата што си легнувале пред 8 часот навечер имаат подобар квалитет на живот и се поздрави, но истото важи и за нивните мајки.

Ако детето не е навикнато да си легнува порано, би можело да биде тешко да се навикне на новиот распоред уште на самиот почеток. И тоа е сосема нормално бидејќи децата сакаат рутина и таа им е важна. Затоа експертите советуваат дека е исклучително важно да се создаде токму таква рутина и што повеќе детето да се држи до неа.

Ако родителот веќе има рутина пред спиење за која смета дека е задоволителна, но таа почнува подоцна отколку што е препорачано за возраста на детето, треба да се обиди да направи мала промена. На пример, обидете се да ги легнете децата половина час порано од вообичаеното, а по неколку недели тие ќе се навикнат на новиот режим на спиење.

Извор



912

X