Уморни мајки,

вие сте неверојатно силни и способни.

Балансирате меѓу работата, домаќинството, бебињата, сопругот, чистење, финансии, вежбање, готвење, шопинг, планирање состаноци.

Мајки, вие работите напорно. Вие сте многу работи. Постои една изрека: „Потребно е цело село да се одгледа едно дете“. Токму така. Цел мал град – многу луѓе за исполнување многубројни улоги. Сите насочени кон помагање на децата да имаат среќно и безбедно детство и да израснат во пристојно човечко суштество. Некои ги учат, некои ги засмејуваат, некои им раскажуваат приказни, некои им го одвлекуваат вниманието додека мама и тато имаат малку слободно време за себе.

Новата мајка може да се потпре на нејзината заедница додека учи како да го нахрани бебето, како да го дисциплинира бебето, како да се справи со нејзиниот дом, работата и врските. Другите околу неа придонесуваат за нејзините потреби и таа го прави истото за нив. Нејзиниот придонес е вреден. Инвестирањето во нејзиниот живот ѝ дава храброст и водство што ѝ се потребни во тешки моменти.

Сепак, денес се чини дека селото е километри оддалечено. Живееме далеку од семејството или од нашите најблиски пријатели. Нашата заедница на мајки ја има во низата коментари на нашите паметни телефони, но не и во соседството.

„Да, можеш да го постигнеш сето тоа!“ – е пораката што ја слушаме. Под „сето тоа“ се наоѓа жена која понекогаш се чувствува како да се распаѓа под целата таа тежина.

Се обидуваме да ја издржиме целата таа работа што би требало да ја работи цело село, така што не е ни чудно што понекогаш чувствуваме дека сме неуспешни.

Уморни мајки, знаеме дека постојат моменти во животот кога се чувствувате уморно. Знам дека ви недостигаат вашите пријателки и понекогаш тивко мечтаете за деновите пред бебињата. Пред осаменоста што понекогаш ја носи мајчинството. И вината што следува по овие мисли.

Знам како е да се чувствувате очајно бидејќи една или многу области од животот не ги задоволуваат вашите очекувања. Знам како е да ги видите достигнувањата на другите жени, а вашиот секојдневен придонес кон светот го чувствувате како прашина. Знам како е да мора да ги поседувате силата и капацитетот на 10 жени само за да го остварите животот на една.

Да ви откријам нешто. Нешто што го има во вашето срце, нешто што е тешко како железо. Немате сила на 10 жени – вие сте родени само како една.

Една способна жена, една паметна жена. Но, сепак, една.

Кога чувствувате дека селото е далеку, во ред, дури и неопходно е да ја работите работата на една личност и да не си поставувате стандард од 10.

Се обложувам дека постојат делови од ова хаотично мајчинство во кои сте неверојатно добри – делови во кои уживате. А постојат и делови што не се толку забавни.

Навистина не е важно ако ја оставите куќата растурена. Или ако не сте приготвиле вечера бидејќи порадо би поминале време со вашите деца отколку да готвите за нив пред да си легнат. И понатаму мислам дека вашиот живот е прекрасен, дури и ако ја немате таа „совршена“ инстаграм-фотографија.

А кога вашето дете ќе има тантрум, ќе ве утешам со сочувствителна насмевка, која се надевам дека ќе ги олесни мислењата на другите.

Затоа, оставете ги садовите во мијалникот. Подоцна погрижете се за вашиот проект.

Вие сте сопруга и мајка. Две прекрасни, неверојатни улоги што бараат две работи од вас: да се појавите и да сакате. Не е тоа целта на животот? Да ги сакаме оние што ни се доверени.

Бакнете го партнерот, потоа бакнете го бебето и легнете си. Не само што е доволно, туку е и огромен успех.

Автор: Алисија Кесвани



912

X