„Ние, мајките, постојано живееме еден ист ден…
Малку сон,
малку кафе или чај,
малку насмевка,
малку бакнежи,
малку намуртеност,
малку облека што вечно нè демне,
малку прошетка, малку бркотница,
малку преговори,
малку додевање,
малку разбирање,
малку недоразбирање,
малку игра,
малку песна,
малку работа,
малку домаќинство,
малку загриженост,
малку моменти за паметење,
малку планирање на утрешниот ден,
малку прегратки,
малку вознемиреност,
малку опуштање, а најмалку време за нас самите.
Но, љубов има многу.
Присутна е во сè што правиме за нашето семејство.
Без љубов ништо друго не би ни дало смисла.

И затоа,
мајките работат на љубов.

Така и никако поинаку,
со љубов за сите мајки…

Лана“.



912

X