Кога ќе стане мајка, секоја жена се менува на одреден начин. Какви промени ќе настанат, зависи од тоа дали има момче или девојче. Девојчињата обично се помирни, понежни, почувствителни и баш затоа жената што ќе добие ќерка се менува на посебни начини.

1. Станува уште понежна

Кога имаат ќерка, многу жени откриваат нова, уште понежна и помека страна. Го чувствуваат внатрешниот мир и спокојство како никогаш порано. Како што одминува времето, тие сфаќаат колку всушност се промениле и дека повеќе немаат потреба од, на пример, непредвидливи и возбудливи работи како порано. Тие почнуваат да уживаат во мирот.

2. Повеќе внимание посветува на сликата за сопственото тело

Секоја жена има несигурности, моменти кога не се чувствува добро во сопствената кожа, кога сака да биде потенка, да има потенка половина или поголеми гради. Размислува и кажува наглас колку е незадоволна од своето тело, но кога ќе се роди нејзината ќерка, која ќе го апсорбира зборот на својата мајка, жената ќе сфати дека може да ѝ пренесе на ќерка си таков поглед на сопственото тело.

Тоа е последното нешто што мајката го посакува. И поради тоа, таа ќе почне да внимава што ќе кажува пред својата ќерка, но и ќе се обиде да го смени незадоволството од својот изглед.

3. Ќе спознае некои нови стравови

Свесна за опасностите што можат да ја снајдат жената во овој свет, како што расте ќерката, така ќе растат и стравовите на мајката за нејзината иднина во свет во кој една од шест жени е жртва на обид или извршено сексуално насилство. Во свет каде што 60 отсто од жените доживуваат вознемирување на работа, каде што една од пет девојки е жртва на злоупотреба, жените кои биле целосно бестрашни пред мајчинството, кога ќе добијат ќерка, ќе доживеат некои стравови – и тоа е сосема нормално. Мајката се грижи за безбедноста на своето дете во секое време и сака да го заштити од секакво зло.

4. Полесно ќе се лути

Стравот, неизбежно, во одреден момент ќе се претвори во гнев. Жената ќе биде лута поради неправдата што ја трпат жените секој ден во сите аспекти од животот и ќе биде посвесна зошто всушност се води борба за правата на жените, еднакви плати и право на заштита од сексуално вознемирување на работното место. Мајката, како вистинска лавица, ќе се бори за подобар свет во кој ќе порасне нејзината ќерка.

5. Ќе стане похрабра

Таа храброст значи изразување на сопственото мислење без страв од тоа што другите ќе мислат за тоа, предизвикување неправда, заземање свој став дури и кога тоа е во спротивност со ставовите на мнозинството, поставување граници во односите со луѓето и барање подобро – и за себе и за луѓето околу неа.

Извор



912

X