93. доделување на „Оскарите“ го одбележаа рекорди – Клои Зао стана втора жена и прва жена што не е бела, а освои награда за режија. Исто така, оваа година беа номинирани повеќе жени од кога и да е, а Јух-јунг Јоун стана првата Корејка што освои награда за најдобра актерка во споредна улога.

Еден од најдрагите моменти во долгата и незаборавна ноќ на „Оскарите“ се случи кога јужнокорејската актерка Јух-јунг Јоун ја освои наградата за најдобра актерка во споредна улога за филмот „Минари“. Во својот говор се заблагодари и им се обрати на своите синови. „Би сакала да им се заблагодарам на моите синови, кои ме тераат да излегувам и да работам“, рекла 73-годишната актерка, која е воедно и прва корејска актерка што победи во оваа категорија, па додала: „Ова е резултатот што мајка ми толку се трудеше“.

Јоун не е единствената мајка што освои голема награда на „Оскарите“ 2021. Кога перспективната режисерка и сценаристка Емералд Фенел излезе на сцената за да ја прими наградата за најдобро оригинално сценарио, се покажа нејзиното трудничко стомаче. Имено, младата режисерка е бремена со своето второ дете. Но, Фенел воедно е и првата жена што освои „Оскар“ за најдобро сценарио во последните 13 години. Во текот на снимањето на филмот Фенел била во 7. месец од бременоста со првото дете и рекла дека тоа искуство „не било така лошо“, напоменувајќи дека жените работат многу потешки работи од режирање филмови во седмиот месец од бременоста, но сеедно е тешко да не се биде импресиониран од нејзината енергија.

Еден од најшармантните моменти на овогодишното доделување на „Оскарите“ исто така беше насочен кон уште една мајка: Откако Даниел Калуја излезе на сцена и ја прими наградата за најдобар актер во споредна машка улога за „Џудас и црниот месија“, тој ѝ оддаде почест (и добро ја насмеа) на својата мајка, која седеше во публика.

Актерот рече: „Би се заблагодарил на својата мајка. Многу ти благодарам за сè што стори за мене. Ми даде сè, ми даде основа за денес да можам да стојам на највисоката своја висина. Мораме да славиме, мораме да го славиме животот. Дишеме, одиме. Неверојатно е. Како што мојата мајка и татко имале секс – неверојатно! Толку сум среќен што сум жив и што ќе прославам вечерва“. Шоуто потоа ѝ припадна на неговата мајка, која изгледаше горда, среќна и малку засрамена.

Доделувањето на „Оскарите“ беше возбудлива ноќ за жените со деца и трудниците, кои досега, за жал, ретко беа присутни во индустријата која продолжува да дискриминира и системски да ги потценува вработените мајки. Се разбира, неколку избрани награди доделени на мајки на најголемата холивудска вечер не може да го надоместат недостигот на потпора во целата индустрија, но убаво е да се види како жените како Јоун и Фенел ги постигнуваат своите цели и нижат успеси во шоу-бизнисот без да го компромитираат својот идентитет како мајки. Прекрасно е да се види и како ѕвездата на овогодишната манифестација, актерот Калуја, одвојува време за да ја истакне неговата мајка во еден од најголемите моменти на неговата кариера.

Автор: Ема Спектер

Извор



912

X