Врската помеѓу мајките и синовите е нешто посебно и нераскинливо. За мајката, тоа е вечна борба помеѓу желбата да се одгледа силен и независен маж кој секогаш ќе знае да застане на нозе и ќе се крене ако падне и желбата тој да знае дека секогаш може да смета на неа во тешките моменти.

Таа посебна врска што ги спојува мајката и синот најдобро ја опишала Табита на својот блог.

– Мајката му е засолниште на својот син. Негово сигурно пристаниште. Кога учи да оди, тој со своите несигурни чекори ќе се оддалечи неколку метри, па ќе се врати повторно кај својата мајка. Потоа ќе направи уште некој чекор напред и повторно ќе се врати кај мајка си.

Кога ќе се обиде да направи нешто ново, со поглед ќе ја бара вашата горда насмевка. Кога ќе научи да чита, ќе ѝ го чита на мајка си истиот текст 20 пати по ред, бидејќи мајката е единствената што 20 пати ќе биде воодушевена од тоа што тој го умее.

Кога ќе почне да оди на тренинзи, неговите очи на трибините ќе го бараат мајчиното лице и нејзиниот горд поглед.

Кога ќе се разболи, ќе ве довикува вас. Кога нешто навистина ќе згреши, ќе ви се јави вам. Кога ќе биде голем, пораснат и силен, а ќе посака да заплаче, ќе дојде кај вас затоа што мажите само пред мајките смеат да заплачат, а да не ја изгубат самодовербата.

Дури и кога ќе порасне и ќе ја пронајде љубовта на својот живот, вие и понатаму ќе бидете негово засолниште, кое е секогаш тука.

Секогаш имајте го тоа на ум и сè друго само ќе си дојде на свое место“.

Извор



912

X