Затворете ги очите и замислете си го ова: се будите и влегувате во дневната соба, каде што ги наоѓате вашите деца како гледаат цртани, не од образовен вид, туку вистински глупости. Им велите да одат да се облечат, во каква било комбинација, најблиску до чиста.

Ги бакнувате за чао додека одат на училиште, одите на работа, каде што не размислувате за нив: нивниот фудбалски тренинг, прегледот на стоматолог, малите патики и дефинитивно големите ранци.

По продуктивен ден на работа, ги испраќате вашите е-пораки за вечерта и го затворате компјутерот – ќе го отворите наредното утро.

Доаѓате дома и ги затекнувате децата како се караат меѓу себе за некоја играчка. Ги легнувате, а потоа веднаш се потсетувате дека не ги измиле забите. Не ги миете и вие вашите во знак на солидаризација и се будите утрото за да го повторите сето ова. За оние што немаат деца, ваков ден без чувство на вина е секојдневен, дури и досаден. Но за мајките, еден ден без чувство на вина е остварување на сонот.

Но, во моментов тоа е само сон. Сон што нашите партнери и деца се обидуваат да го приближат. Ние сме тие што треба да избалансираме и да го исчистиме нередот.

Вината што ја чувствуваат мајките е природен производ на општеството во кое се очекува мајките да бидат совршени и се казнуваат затоа што не го исполниле тој невозможен стандард.

За мајките што работат, остварувањето на тој сон ќе бара работа што ќе им овозможи да го стават семејството на прво место и што ќе овозможи можности за напредување во кариерата и добра плата. За мажените мајки, тоа ќе биде партнер кој ќе ја преземе неговата половина од родителските должности без да биде прашан. А за сите мајки, ќе биде потребна прифатлива, достапна, квалитетна грижа за децата. Со други зборови, општество кое нема да предизвика мајката да се чувствува виновно. Општество кое нема да очекува мајките да бидат совршени и нема да ги казнува затоа што не го исполниле тој невозможен стандард.

Иако мајките можеби не го создале тој стандард, ние често сме тие што го спроведуваат – дури и врз нас самите. Околу 80 отсто од мајките изјавиле дека биле „усрамени“ поради нивниот родителски избор, често од други родители; во исто време, три од четири мајки повеќе нагласуваат за притисокот што си го вршат врз себе да бидат совршени отколку за процената што ја добиваат од другите родители.

Не е ни чудо што мајките се во ментална здравствена криза, а повеќе од половина од нив пријавиле анксиозност и депресија. Но, да им сугерирате на мајките едноставно да ја отфрлат вината е нешто невозможно. Потребно е време за да се случи тој процес.

Но, мајки, почнете од малите работи. Дозволете му на вашето дете да излезе валкано или вие излезете со валкана блуза.

Наместо да бидете менаџер на домот и да му делегирате задачи на партнерот, само направете го вашиот дел и оставете му го другото, а потоа прошетајте бидејќи инвестирањето во вашето ментално и физичко здравје е повредно од што било.

Одете напред знаејќи дека отворате подобар пат за наредните генерации мајки – или во најмала рака – им давате повеќе од само еден ден без чувство на вина.

Извор



912

X