Ако пандемијата заврши денеска во 15 часот, што ќе правите до 18 часот? Ова беше екстремно тешка година за сите, но веќе сме подготвени Ковид-19 да си замине за да можеме да се вратиме на нормалниот живот. Еве што напишале голем број кориснички мајки на „Фејсбук“ на горенаведеното прашање:

Ќе направам голем логорски оган во мојот двор, со отворена покана за сите што сакаат да бидат дел, со музика, храна и се разбира фрлање на маските во огнот! – Амбер С.

Апсолутно ништо бидејќи ќерка ми сега е заразена… или тоа би значело дека ќе го нема и ќе бидеме слободни? Сигурно би излегле на прошетка по вечера – Тони М.

Ќе одиме на продолжено семејно патување! Сите го заслуживме, зарем не? – Кеси Г.

Најверојатно ќе резервирам билети за концерт или театарска претстава и ќе уживам во семејна вечера со членовите на поширокото семејство. – Кеми Д.

Ништо поразлично, хахаха. Мојот живот не се промени многу. – Уркел Г.

Ќе јадам во ресторан, по долг период поминат во локал и во детски музеј. На вечера, ќе планираме каде ќе патуваме. – Кора Д.

Вечера во ресторан, концерт, спортски настан, празнична забава, но веројатно ќе одам да го видам мојот 94-годишен дедо кој не сум го видела откако почна пандемијата! – Лорен Н.

Ќе одам да го видам татко ми и ќе го прегрнам, а потоа ќе одам да го видам целото семејство. – Вероника В.

Ќе поминам време без маски со семејството и ќерка ми, прегрнувајќи ги и фотографирајќи се. Едноставно ќе дишам полесно и ќе одам на спиење без да се плашам дека некој од нас ќе се разболи. – Никол Л.

Ќе се разбудам расположена и благодарна (ќе биде 6 часот наутро на Филипините), веројатно ќе одам во црква, ќе го однесам моето дете во парк. – Сабрина Г.

Истата работа? Ќе ги однесам децата на спиење? Ние бевме во карантин уште пред да биде „кул“. – Меган М.

Ќе најдам бебиситерка за да излезам на состанок со сопругот! – Ребека Х.

Ќе го резервирам секој можен годишен одмор. – Рејчел Б.

Ќе го оставам бебето кај баба му и дедо му за ние да можеме нешто да сработиме! – Мери Б.

Ќе дишам полесно кога ќе имам посетител откако ќе го донесам второто дете дома – Мишел С.

Ќе изедам голема количина празнична храна со моето семејство – Елизабет К.

Ќе одам кај роднините и на сите ќе им дадам огромна и долга прегратка! – Лорен С.

Ќе организирам забава и ќе ги поканам сите пријатели и семејството и ќе ги прегрнам сите! – Мередит Л.

Ќе го запознам моето 5-месечно бебе со семејството – Али Л.

Ќе закажам забава за прославување со другите родители, а децата утредента ќе се вратат на училиште! – Аманда Г.

Ќе трчам наоколу со моето 4-годишно дете во локалното „Чак И. Чиз“ – Поли Р.

Ќе резервирам лет за да дојде мајка ми да нè посети. – Лиса Л.

Ќе ги бакнам и прегрнам моите баба и дедо. – Мирна Г.

Прво вечера, па филм или два во кино и купување билети за барем три концерти! – Мараја Ј.

Ќе го поканам секој член од семејството кај мене! – Алисон О.

Ќе седнам во мексикански ресторан и ќе пијам маргарити! – Сара В.

Ќе фатам лет за Италија! – Мариана С.

Ќе ги запишам децата повторно на некои активности. Ќе им резервирам лет на родителите за да дојдат за Божиќ. Ќе возам 14 часа за да одам во домот за стари лица каде што е мојата 101-годишна баба (го преживеа вирусот) за голема прегратка и бакнеж. – Енџи Д.

Ќе фатам авион за Србија за да го претставам мојот син на семејството. – Ана М.

Ќе им речам на членовите на семејството да дојдат да го видат моето бебе – Џен Џ.

Автор: Кон Прети

Извор



912

X