На крајот од секоја училишна година, од времето кога бев ученичка, се криев неколку дена во мојот дом, лежејќи на кауч и спиејќи. Крајот на училишната година беше време за пауза, одмор и полнење на батериите пред повторно да влезам во тој свет. На моето тело му беше потребно да се исклучи на тој начин.

Денес, да се биде мајка и наставничка, тој период на одмор е многу тежок за пронаоѓање. Но, тоа не значи дека помалку ми треба. Всушност, ми треба многу повеќе. А неодамна тоа навистина го почувствував – интензивната потреба да се исклучам од сè, да се нурнам во себе и да го блокирам светот што се наоѓа околу мене. Се почувствував како да се потрошив. Го достигнав лимитот. Не бев единствената. Целото семејство беше преморено.


Избегавме на викенд на планина, на мал остров каде што немаше многу што да правиме, туку едноставно да бидеме свои. Немаше врева. Моето тело се релаксира. Спиев. Дремнував.

Во моментите на тишината сфатив колку е суштински важен одморот за моето семејство. Колкава важност во учењето е човек да се одмори и повторно да се наполни, да направи пауза од светот.

Нашиот свет е толку бучен. Бучен е со звук, но и со постојан проток на информации и идеи што доаѓаат кон нас секојпат. Тоа е многу за секого, но особено за оние што се чувствителни – кои целосно ги впиваат светот и чувствата околу себе. За нас, станува императив да имаме одмор, да се поврземе, да ни биде удобно во паузите меѓу моментите.

Лично верувам дека доколку едноставно знам како да се одморам, тогаш сум научила како да применам една од најголемите лекции – и за мене и за моето семејство. Одморот ги учи нашите деца да ги уважат пораките што ги испраќаат нивните тела, да знаат и да им веруваат на нивните граници. Според моето искуство, тоа е лекција вредна за учење.

Враќањето кон себеси нè потсетува кои сме ние без работите околу нас. Без надворешен план и влијание. Според моето искуство, одморот што го имаме со семејството ни овозможува да продолжиме да се развиваме, да се поврзуваме со нашите вредности и да одиме напред со автентичност.

Кога нашата динамика изгледа напнато, кога нашиот ден изгледа тежок, тогаш се затвораме. Се повлекуваме во сопствените светови додека не сме подготвени повторно да бидеме дел од поголемиот свет. Верувам дека сме посилни и поинспиративни кога повеќе се трудиме да се одмориме.

Сега ве молам, мајки. Одете и не правете ништо. Вашите деца ќе ви бидат благодарни.

Авторка: Кетрин Китинг



912

X