Се подразбира дека родителството е најубавата работа на светот. Но, како би изгледало ако се прикаже во пита-графикон? Тоа е прашање на кое мајки и татковци на „Твитер“ со години се обидуваат да одговорат – духовито и саркастично. На некои родителството им е „60% барање на чевлите“, „20% чистење работи од подот“ и „20% газење по лего-коцки“. За други тоа е „50% возење на децата наоколу, 40% труд да ги облечеш и 10% празни закани“.
Пренесуваме некои математички твитови за реалноста на родителството:
„98% од родителството е собирање работи од подот, а 2% викање по децата бидејќи фрлаат работи на подот“.
„90% од родителството е криење на паметните телефони и таблети од децата“.
„Родителството е 85% преправање дека знаеш што правиш, 10% газење по коцки и разни други предмети и 5% славење дека некој останал со суви гаќи“.
„Родителството е 30% чудење зошто децата се тивки и 70% уживање во тишина“.
„Родителството е 50% прифаќање дека твоите деца еден ден ќе бидат како тебе и 50% прифаќање дека и ти си како твоите родители“.
„90% од родителството е одговарање на прашањето: Може ли да добијам нешто благо?“
„50% од родителството е викање децата да ја стават облеката во кошницата за валкана облека, а 50% е викање дека подот не е кошница“.
„50% од родителството е учење на децата дека е добро да делат со другите, а 50% е криење на храната што не сакаш да ја делиш со нив“.
„60% од родителството е создавање големи планови со децата каде сè ќе одите, а 40% е надевање дека тоа ќе го заборават, па не мора никаде да одиш“.
„Родителството е 90% викање затоа што доцните, 8% затоа што те боли глава и 2% затоа што не ни знаеш да зборуваш со нормален тон“.
„90% од родителството е чистење на детското лице со прстите“.
„300% од родителството е одржување лекција на децата дека неброен број пати направиле една иста глупост“.
„76% од родителството е поставување прашање на децата: Каде си слушнал или слушнала?“
„Родителството е 70% повторување едно исто, 20% чудење што е таа леплива работа и 10% идентификување од каде доаѓа тој мирис“.
„98% од родителството е смешкање и правење кул фаци само да се спречиме себеси да не викаме и да не си ја искубеме косата“.
„Родителството е 50% лигави работи, 40% глумење ентузијазам и 10% од времето сме преуморни за решавање математички проблеми“.
„Родителството е 90% пекол и 10% слатки убави работи кои можеш да ги поставиш на Фејсбук“.
„Родителството е 80% лажење и 20% џин“.