Недоволно селективен алгоритам толку многу разгневи некои мајки, што почнале да објавуваат објави во знак на протест и да го повикуваат првиот човек на социјалната мрежа „Инстаграм“.

Повеќе жени на „Инстаграм“ почнале да поставуваат фотографии од своите синови во знак на протест против алгоритамот кој се користи на таа социјална мрежа, а поради кој постојано се означуваат и се бришат снимките од момчиња што се топлес и имаат долга коса. Алгоритамот веројатно смета дека се работи за девојчиња. Објавувањето девојчиња во топлес-издание е кршење на стандардите на заедницата на „Инстаграм“.

„Бизнис инсајдер“ ја пренесува приказната за мајка во САД која имала проблеми затоа што „Фејсбук“, во чија сопственост е и „Инстаграм“, упорно ги означувал и ги отстранувал фотографиите на нејзиниот четиригодишен син. И така подолго од една година. Од „Фејсбук“ прво ја предупредиле незадоволната мајка дека ги крши насоките на однесување на „Инстаграм“, за потоа да ѝ го избришан профилот поради преголем број означени и пријавени фотографии. Подоцна признале дека погрешиле и го вратиле профилот во употреба.

Слични проблеми пријавиле и други кориснички, а многумина почнале да поставуваат фотографии на своите синови со долги коси во знак на поддршка. Несекојдневната ситуација ја искористила продавницата со нацртана облека „@finfirst“ и почнала да продава маици на кои пишува „Да живеат долгокосите момчиња“.

Збунувачки правила

Правилата на „Инстаграм“ и насоките се прилично збунувачки кога е во прашање оваа тема. Општо, голотијата не е дозволена.

фотоизвор: „Инстаграм“/chasingwaveswithmichael

Исто така, наведено е дека заради безбедносни причини, повремено можеби ќе отстранат фотографии што прикажуваат голи или делумно голи деца, па дури и ако се безопасни фотографии, на пример, од бањање.

Повеќемина со хаштаг „#longhairedboysrevolution“ во објавите го означиле и шефот на „Инстаграм“, Адам Мосери. И тој се огласил, користејќи го истиот хаштаг, за да објави дека ги вратил корисничките профили што биле отстранети без причина и го навел местото на кое може да се испратат жалби и поплаки. Се потпишал како „Татко на долгокосо момче“.

Автор: Мери Мејзензал



912

X