Еве список со ситуации кога мајка ви била во право и вие сте го знаеле тоа, иако не сте сакале да признаете.

Требаше да облечете џемпер.

Не требаше да ручате во новата кошула. Особено ако имавте топла супа.

Секојпат кога таа ќе рече „Доколку… (пополнете го името на најнесериозната личност со која се дружите) скокне во бунарот, дали и ти би скокнал?“ Во тој момент веројатно мислевте дека ќе го направите тоа. Сега кога ќе размислите… па и не баш.

Кога таа не сакаше да ви набави куче/мачка/200 литри аквариум што очајно го посакувавте бидејќи знаела дека таа желба ќе ве држи три недели.

Кога не ја добивте работата што навистина, навистина ја посакувавте и таа ви рече да бидете трпеливи затоа што ќе дојде нешто подобро за вас. Кога убаво ви кажа да си го понесете најдебелиот волнен џемпер и најтоплата јакна за зимата, а вие сакавте да ја следите модата во капутот што ве прави да изгледате како филмска ѕвезда, а потоа сте се вратиле болни.

Секогаш ви кажувала дека најавуваат дожд и да носите чадор (ама вие сте биле попаметни, па не сте понеле). Запомнете, мајките имаат многу софистицирано чувство за предвидување дожд.

Вистина е. Речиси сè на светот изгледа помалку страшно кога ќе отспиете.

Кога ви рекла да не возите велосипед на чакал премногу брзо бидејќи камчињата и прашината ќе завршат во вашето изгребано колено.

Секојпат кога како дете сте прашувале зошто треба да направите нешто, а таа одговарала „бидејќи јас така велам“. Нема спор со таа логика. Кога таа ве уверила дека ќе дојде ден кога ќе го сакате вашиот помал брат или сестра повеќе од сѐ на светот.

Креветите навистина не се дизајнирани за скокање. Вие самите експериментално го утврдивте ова (но потоа вината ја префрлате на вашиот помал брат или сестра). Кога рекла дека девојката која е најпопуларна во класот затоа што ја има најубавата футрола за молив, патики… можеби не е најпаметниот избор за најдобра пријателка. Веројатно сте се увериле во тоа два дена подоцна, кога таа избрала нов најдобар пријател и почнала да ве озборува.

Секојпат кога таа ве советувала да не влетувате во минус за уште еден пар чизми, нова чанта или чевли со потпетици од 12 сантиметри. (Затоа што не ги носите ни оние што ги имате.)

Кога вели дека ве сака повеќе од животот, без разлика на сѐ.

Слободно продолжете со списокот, сигурно имате што да додадете.

Извор



912

X