Игротека

Мајката плаче 150 пати и губи 1.080 часа сон во првата година на бебето

Мајките во просек губат три часа сон секоја вечер во првата година од животот на бебето, што се цели 45 дена во годината. Но, околу 300 бебешки насмевки на ден го олеснуваат овој товар.

Дури и пред раѓањето на бебето мајката ја интересира сè што е поврзано со него. Не можеме да одговориме на сите прашања, но можеме да ве забавуваме со факти и работи поврзани со првата година на бебето преку бројки собрани од американската веб-страница „The Bump“.

Дали знаете колку време сте чекале пред да ви се насмевне бебето? Колку пелени сте потрошиле во првата година од животот на бебето?

На пример, 267 е бројот на фотографии што ќе ги имате во вашиот мобилен телефон до крајот на првата недела од животот на бебето. До крајот на првата година ќе пуштите 715 машини за перење алишта. Исто така, ова значи дека ќе се наведнете најмалку 1.430 пати во првата година само за да ставите и да извадите алишта од машината.

Во првиот месец ќе потрошите помеѓу 248 и 320 пелени. Од нив, само во првата недела ќе искористите 84 пелени. Мајките во просек поминуваат 120 часа годишно во менување пелени.

Во првите шест месеци, ако вашето бебе е на ексклузивно доење, на тоа ќе потрошите 32.400 минути, а дури 75 отсто од новороденчињата на возраст од една недела го разликуваат мирисот на млекото на сопствената мајка од млекото на друга жена.

Во првиот месец од животот бебето расте до пет сантиметри, во првите шест месеци бебето добива во просек 3.500 грама и околу првиот роденден обично има трипати поголема тежина од родилната. Обемот на главата на бебето од почетните 34-36 сантиметри при раѓање ќе се зголеми за 12 сантиметри до крајот на првата година, а само за четири сантиметри повеќе ќе се зголеми во следните девет години.

Ќе мора да почекате два месеца или 60 дена за да ја видите насмевката на вашето бебе. Откако ќе научи да се смее, бебето просечно се смее 300 пати на ден.

Бебешките насмевки ќе ви олеснат да се справите со фактот дека до првиот роденден ќе пропуштите најмалку 50 кафиња со пријателите, забави и други интересни социјални настани. Сепак, во текот на првата година на вашето бебе ќе плачете 150 пати, поради замор, среќа или хормони.

Бројот 20 означува колку пати неделно ќе му кажете на сопругот: „Остави, јас ќе го направам тоа“. До моментот кога бебето ќе наполни 12 месеци, мајките спијат во просек 5 часа во текот на ноќта и губат три часа сон секоја вечер, што е 1.080 часа годишно или 45 дена. И конечно, 141 пат ќе забележите дека се однесувате како вашата мајка, и тоа во првата година од животот на бебето.

Бебето во првата година добива трипати поголема тежина од раѓањето, а просечно се смее 300 пати на ден.

Мајките губат просечно три часа сон секоја вечер, а ако дојат, 32.400 минути.

75 отсто од новороденчињата на возраст од една недела го разликуваат мирисот на мајчиното млеко од млекото на друга жена.

2.920 пелени за еднократна употреба се трошат во текот на првата година, ако се трошат осум на ден.

141 пат ќе забележите дека се однесувате како вашата мајка.

1.430 пати ќе се наведнете за да ги ставите и извадите алиштата од машината за перење.

120 часа ќе поминете во првата година менувајќи пелени.

267 пати ќе го фотографирате бебето во текот на првата недела.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top