Игротека

Мајката на Кејт Мидлтон открила како ги поминува божиќните празници со своите внуци

Во своето прво интервју за британските медиуми, Керол Мидлтон, мајка на војвотката Кејт Мидлтон, открила многу нови и интересни детали од животот на својата ќерка, а особено емотивно зборувала за своите внуци.

Така го спомена својот однос со принцот Џорџ и принцезата Шарлот, со кои најмногу време поминува во текот на божиќните празници.
Како и секоја баба, Керол е многу емотивна и поврзана со своите внуци, па се пофалила како изгледа божиќната прослава во нејзината резиденција, а на тоа најмногу се веселат малечките. Нагласила дека секогаш зема годишен одмор во текот на зимските празници за повеќе време да помине со семејството.

 

Размислувала да отпатува некаде, но тогаш внуците премногу би ѝ недостигале.

– Обожавам во мојот дом да има многу елки. Затоа секогаш внимавам и во собите на моите внуци да има по една елка за сами да ја накитат, а многу се радуваат на тоа – рече Мидлтон.
Снаодливата баба на тој начин ги решила и неизбежните детски кавги околу украсувањето на елката, што пред неколку година го спомена и кралицата Елизабета.

Британската кралица открила дека сите нејзини внуци и правнуци многу се радуваат на китењето на елката и на украсувањето на палатата и сите сакаат да учествуваат во тоа.

– Да, тоа секогаш е проблем. При украсувањето секогаш кршат понекој украс, барем е така со малечките во моето семејство. Сепак, сите многу се забавуваме – рекла Елизабета Втора.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top