Летањето во авион со деца може да биде многу предизвикувачко, а тоа најдобро го знаат оние што го поминале и ја доживеале најлошата верзија. Имено, мајката Карен Бликли полетала со својата ќерка и носела со себе приказни, налепници, сложувалки, музика, играчки, боенки, грицки, скриени подароци за ќерка ѝ… Таа изјавила дека била подобро подготвена од кога било. На крајот, ништо од тоа не било важно. Нејзината двегодишна ќерка едноставно не сакала да биде присутна на летот од Сингапур до Бризбејн. Карен рекла дека научила седум важни работи од тоа искуство.

Таа научила дека луѓето можат да бидат неверојатно љубезни

Била под голем притисок и стрес дека нејзиното постојано плачење може да ги вознемири другите патници, но секоја личност со која комуницирала била многу разбирлива и љубезна. Таа за малку ќе се расплачела на крајот од летот бидејќи сите биле многу добри со нив, истакнала Карен. Најчесто, луѓето разбираат дека патувањето со бебиња и мали деца е предизвик и сакаат да помогнат.

Сфатила дека нејзината ќерка е своеглава и знае што сака

Нејзините синови со задоволство ги следеле упатствата, но ќерката е друга приказна. Ако не сака да направи нешто, ќе се бори докрај. Овој лет бил најдобар показател за нејзината одлучност.

Таа открила дека моторите го задушуваат врескањето

Шетањето околу авионот со неа било единственото нешто што можеле да го направат, а набрзо откриле дека во задниот дел од авионот бучавата од моторите ги задушува вресоците. Ова им помогнало и на девојчето и на мајката малку да се смират, а луѓето што седеле до нив имале можност да се одморат од постојаната врева.

Открила дека е важно да остане смирена

Карен рекла дека некако успеала да остане смирена низ целото искуство. Девојчето постојано врескало и повторувало дека сака да излезе од авионот, а мајка знаела дека не може да направи ништо во врска со тоа. Можела само да се обиде да остане мирна и стабилна, бидејќи тоа ѝ требало на нејзината ќерка. Подоцна сфатила дека тоа е поважно отколку што можела да замисли во тие моменти.

Таа сфатила дека им требаат повеќе работи кога одат на толку долги патувања со мало дете

Иако таа вообичаено се залага за опуштено патување, кога патувате со деца, подобро е да носите премногу отколку не доволно, заклучила Карен.

Прифатила дека не може да контролира што ќе се случи

Сите нејзини планирања и подготовки за летот не значеле ништо. Тоа што се случило, се случило и таа не можела ништо да направи за да го избегне. Секако дека не било залудно бидејќи малото девојче се забавувало со некои работи што ги донеле од дома, но тоа не можело да го спречи во целост, многу лошото искуство да се лета со мало дете во авион.

Го прифатила фактот дека времето поминува без разлика на сѐ

Ова е најважното нешто што таа го научила од искуството, вели Карен. Без разлика што се случува за време на летот – дали нечие дете постојано плаче, повраќа, не спие, не сака да седи мирно, прави неред, или седи мирно и среќно… времето минува. Патувањето со авион нема да трае вечно.

Сега таа може да се смее за тоа искуство со нејзината ќерка

Сето она низ кое поминуваат луѓето, еден ден ќе биде спомен. Секој прави најдобро што може и тоа е сѐ што треба да се знае, заклучила Карен.

Извор



912

X