Да ги натерате децата да седат мирни на маса додека целото семејство не заврши со јадењето, може да изгледа како невозможна мисија. Но, мајката на три деца Теси нашла начин како да успее во тоа. Таа на „Инстаграм“ открила дека сѐ што ви треба е свеќа.

„Знам дека е невозможно да се очекува децата да седат мирно на маса 30 минути и да уживаат во разговор кога е невозможно да ги држите на маса дури и пет минути“, напишала таа.

Имала чувство дека постојано води битка со децата, а потоа ѝ паднала на ум брилијантна идеја.

„Седиме на маса, ја палам свеќата и им велам дека сите мора да седат додека свеќата гори. Кога сите ќе дојадат, броиме до три, а потоа заедно ја дуваме свеќата. Едноставна работа која се претвори во забавна семејна традиција “, додала таа.

Многу родители ја пофалија нејзината идеја и рекле дека дефинитивно ќе ја испробаат.

Извор



912

X