Минатиот месец „тик-ток“ ѕвездата Алекс Бевик открила дека нејзиниот рецепт за „мини јајца“ е популарен во нејзиниот дом – не поминало многу време пред другите мајки да испратат пофалби за „генијалната“ идеја. Инсистирајќи дека секој родител треба да го проба ова, Алекс започнува преку смрзнување на јајцата преку ноќ, а потоа ја отстранува лушпата следното утро. Следно Алекс го сече смрзнатото живо јајце на залаци и го пржи додека нејзиното дете гледа. Таа објаснува: „Ги ставате деловите во тава за пржење и креирате мини јајца. Моето дете ги обожава, а се надевам дека и вашите ќе ги сакаат“, рекла таа.

Иако видеото има над 1,3 милион допаѓања, загрижени гледачи предупредуваат дека овој рецепт може да биде опасен. Еден коментирал: „Јас сум лекар од итна служба и експерт за детско здравје. Ова не е безбеден начин за да се подготвуваат јајца. Јајцата не треба да се замрзнуваат со нивните лушпи. Агенцијата за храна и лекови предупредува против ова“. Друг додал: „Мојот пријател го правеше ова и неговото дете доби труење со храна“. Трет, пак, напишал: „Можете ли само да ги сварите јајцата и да ги исечете на ист начин?“

Експертите од „Бритиш Лајонс егс“ на својата веб-страница напишале: „Секое јајце треба да биде извадено од својата лушпа. Белката и жолчката се шират кога се замрзнати, па треба да бидат целосно одмрзнати за да може да се јадат. Никогаш не ги гответе директно од смрзнувачот“.

@thatfalzonfamily

EVERY PARENT NEEDS TO TRY THIS! 👨‍🍳 #minieggs #egghack #toddlermeals @lukefalzon

♬ original sound – Alexandra Bewicke

Автор: Лидија Хокен

Извор



912

X