Болничарката и мајка на три деца Ники Јуркуц редовно објавува совети и предупредувања за родителите на нејзиниот официјален профил на „Инстаграм“ наречен „Tiny Hearts Education“. Таа неодамна објавила фотографија од момчето Арчи кое претрпело процес на инвагинација. Тоа е вовлекување на еден дел од цревата во соседниот дел, при што се јавува опструкција.

Како што открила медицинската сестра, мајката на момчето решила да ги сподели симптомите што ги имал нејзиниот син за да ги предупреди сите други родители за оваа состојба која е многу опасна.

„Го гушкав Арчи и одеднаш почувствував мирис на крв. Во паника му ја скинав пелената и бев шокирана од она што го видов. Неговата пелена беше полна со крв како желе“, објаснила неговата мајка.

Според Јуркуц, тоа е многу редок феномен кој секоја година погодува 200 бебиња на возраст под една година.

Симптомите што се јавуваат кај деца со инвагинација, а кои ниту еден родител не треба да ги игнорира, се силна абдоминална болка, вознемиреност, замор или летаргичност, дијареја, повраќање и ректално крвавење.

Извор



912

X