Да истрчате 1,5 километар за помалку од шест минути би било импресивен подвиг за повеќето луѓе. Но, не и за Нили Грејси, која на истрчала 1,6 километри за пет минути и 24 секунди додека го туркала својот син во количка. Со тоа влегла во Гинисовата книга на рекорди.

„Трчањето ми помага да се фокусирам на двата најважни аспекти од мојот живот: семејството и фитнесот. Заедно поминавме многу километри. Сè уште ги туркам децата во количка, иако сега имаат две и пет години“, рекла таа.

Со овој рекорд се обидува да им покаже на другите дека мајчинството не мора да биде пречка за ништо.

„Активниот живот може да биде забавен за целото семејство. Децата не мора да ве спречат да ги постигнете вашите цели“, додала таа.

Нејзиниот личен рекорд за трчање 1,6 километри без дете во количка е 4 минути и 36 секунди.

Извор



912

X